Времето наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степена. УВ=6
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степен.
Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.