Во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици кој прво ќе ги зафати западните предели, а во доцните попладневни и вечерните часови и останатите предели.
Локално можна е појава на град. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 30°C.
Во Скопје слично време, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер со променлив правец.
Утринската температура од 10°C, а максималната дневна ќе достигне до 27°C.