Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2).
Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 степени.
Максималната дневна температура ќе достигне 14 степени.
Утре се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.