Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди во источните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје претежно облачно, а во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.