Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Од:

Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор за случајор „Рекет“, беше едногласно разрешена од членовите на Советот.

По одлуката на Советот, на потег ќе биде јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој, доколку одлучи, има можност на обвинителите кои до сега ги водеа предметите да им ги додели повторно.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

Откако Јавното обвинителство пред неколку дена ги побара предметите на СЈО, од Специјалното јавно обвинителство експресно одговорија дека се подготвени да ги предадат сите предмети по кои постапуваат со сите списи и докази.

Загриженост и неизвесност за својот статус пројавија и стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО и побара помош од меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на ова обвинителство и од политичките чинители во земјава.

Би можело да ве интересира

Јосифовска во солзи се прегрна со Маџовски, судење за злоупотребените 820 илјади евра од касата на УБК

А1он

Вработените во СЈО чекаат плата за септември

Васко Маглешов

„Титаник“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

Димитриев: Го информираве ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

Ана Ололовска

Судот го казни вештакот на СЈО со 1500 евра

Васко Маглешов

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“

Ана Ололовска