Препораки за заштита од високите температури

Од:

Во текот на екстремно топлите денови, останете повеќе во затворени простории, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.

Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се: должително миење на земјоделските – градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, тичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. а се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, поготово за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски