Препораки за заштита од утрешниот топлотен бран – жолта фаза

Од:

Избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци, се само дел од препораките на Министерство за здравство (МЗ) по најавата на УХМР дека Македонија утре ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза.

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

– Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, наведува Министерството.

Согласно најавата на УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на оваа и во текот на идната недела, температурите ќе бидат над 30 степени, а долж Повардарието и над 35.

Повеќе информации и препораки за заштита од топлотен бран континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски