Премиерот Заев во Португалија на Конгресот на Партијата на европските социјалисти

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Португалија, во дводневна работна посета на Лисабон во рамки на која ќе учествува и на Конгресот на Партијата на европските социјалисти.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата Заев ќе има одвоени средби со премиерот на Португалија Антонио Коста и со премиерот на Шпанија Педро Санчез.

Премиерот Заев ќе оствари работна средба и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, која заедно со него ќе учествува и на панелот што ќе го модерира претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев.

За време на посетата на Лисабон премиерот Заев ќе учествува и на лидерската средба на шефови на влади и високи претставници на сестринските партии на ПЕС.

Премиерот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во Португалија ќе учествува на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој треба да биде избран заедничкиот кандидат на ПЕС за претседател на Европската Комисија, чиј избор треба да се случи после изборите за Европскиот Парламент идната година, наведуваат од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Возач во Португалија прегази 12 лица, меѓу кои и двајца полицајци

Горан Наумовски

Португалија и Колумбија ремизираа без голови, Роналдо и соиграчите ќе играат против Хрватска во нокаут-фазата

Предраг Петровиќ

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он