Премиере исчисти се од дизелашите до петоколенашите во СДСМ, порачаа граѓаните на Твитер и Фејбук

Од:

Незадоволни граѓани, со реакции и пораки на социјалните мрежи до Премиерот Заев, порачуваат да не биде метлата за џабе туку навистина на направи чистка на лошите раководни кадри. Постовите следат откако синоќа на митингот во Карпош, актерот Драган Спасов му подари метла на Премиерот, како симболика, за чистка на лошите кадри на раководни функции.

„Ајде Премиере ја имаш целосно нашата подршка! Од дизелашите па се до петоколенашите во СДСМ. За европска Македонија се работи“,порача граѓанин до лидерот Заев на Фејсбук.

Бурни реакции од незадоволни граѓани има и на Твитер и бараат Премиерот Заев веднаш да се фати за работа и да го мете како што пушуваат „ѓубрето“.Еве дел од нив:

„Акција не биди ѓубре во СДСМ?

„Заев најави чистка, Дац му подари метла. Има и лопатче ќе собере доста ѓубре“!!!

„Што убаво метла му дале на Заев, ама мислам дека во моментот ниту багери не му помагаат.“

„За жал 90% од министрите имаат поголем капацитет од Премиерот кој ќе ги мете!!!

„На Заев му дале метла? !Штета што не знае да лета.

„Метла до 4-мај, ајде Зоки бројчаникот врти. Еден ден помина!

„На Заев му дале метла. Ќе чисти во Идризово. Не, не директорот, тврдокорните ќе ги исчисти од таму!

„Дац му дал метла на Заев да го исчисти ѓубрето од владата. Да се исчисти и самиот себе си, ќе биде најдобро!

„Заев може да отвори и Златна книга, има три фирми таму за чистење септички јами“.

Анализите на експертите, но и партиските покажаа дека лошиот резултат во првиот круг на изборите следи од незадоволството на граѓаните од власта и на централно и на локално ниво. Во изминатите две години, јавноста беше сведок и на бројни афери за корупција, со местење на тендери, непотизам, партиски вработувања.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“