Прекршочни пријави за претседателот Иванов од Антикорупциска

Од:

Антикорупциската комисија поднесува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорѓе Иванов поради поставувањето на генерали во армијата по распишување на изборите.

На денешната седница на комисијата беше соопштени дека првиот случај се однесува на унапредувањето на Васко Ѓурчиновски во чин генерал потполковник – генерал мајрор. Според Антикорупциска, претседателскиот указ бил донесен на 25 февруари 2019 година, при што при унапредувањето на овој старешина во повисок чин не било постапено според одредбите од Законот за слижба во Армијата.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за унапредување и дава предлог до Претседателот на републиката, што во случајов, како што е наведено во одговорот на Министерството за одбрана, не е доставен“, се наведува во предметот на Антикорупциска.

Од таму додаваат и дека Указот за унапредување е донесен по денот на распишување на изборите, 8 февруари 2019 година, период во кој според закон не може да се преземаат вакви дејствија.

Исто така на 25 февруари годинава, претседателот зо укази ги поставил Орце Јордев и Бесник Емини на формациски позиции во АРМ.

„Во сите три случаи се работи за поставување на старешнините на формациски места генерали, по основ на кои сметано од денот на донесувањето на Указите од Претседателот на Републиката и нивното извршување на споменатите старешини ќе им се исплатува зголемена плата – различна и повисока од редовните месечни плати што ги примале пред донесувањето и извршувањето на укасите, дејствие кое е забрането во изборен период“, велат од Атикорупциска.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок