Предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“ во рацете на СЈО

Од:

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде и предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“. Специјалната обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција информираше дека во изминатитот период од скопското Обвинителство и од Обвинителството за организиран криминал ги презеле овие три предмети, за кои во утврдениот рок од осум дена се изјасниле дека се во надлежност на СЈО.

Таа додаде дека за нив СЈО веќе имало отворено и предистражни постапки.

Таа побара да се донесат соодветни решенија со цел обвинителството по истекот на мандатот во 2020 година да функционира во рамки на Основното јавно обвинителство за да гони корупција од висок профил.

„Законски мандат на СЈО не е изминат и затоа уверени сме дека ќе се преземат мерки за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор и ова обвинителство ќе постапува согласно Кривичниот закон и Законот за кривична постапка во функција на остварувањето на мисијата за што е формирано ова обвинителство“, рече Јанева. „Ова јавно обвинителство ќе продолжи со работа и понатаму, а со тоа ќе отвора и нови обвиненија“, додаде таа, која ја поздрави одлуката на апелацискиот суд прислушуваните разговори да се користат како докази во судски постапки.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ