Предлози за казни од по 2 000 евра за 13 прекршители на полицискиот час во Кочани

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за изрекување казнени од по 2 000 евра за 13 лица од Кочани за нарушување на полицискиот час.

– Обвинетите, во периодот од 23 до 29 март, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови, информираат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Кочани на Основниот суд Кочани му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност

Сите се товарат за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски