Предложен притвор за професорот кој претепа ученик

Од:

Струшкото обвинителство сепак предлага притвор за професорот кој претепа свој ученик, откако средношколците од гимназијата „Ибраим Темо“  ја бојкотираа наставата и со мирен протест пред Основниот суд во Струга изразија незадоволство од одлуката за неодредување мерка притвор за професорот.

„Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12:30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски