Предложен притвор за битолчанецот кој им се закануваше на Јовески и Русковска

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 11.12.2021 година, во рачно напишано писмо на англиски јазик, осомничениот се заканил дека ќе го убие Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Писмото го адресирал до Амбасадата на САД во Скопје и истиот ден го испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп.

Истиот осомничен, во периодот од 20.12.2021 до 22.12.2021 година, во два наврати, преку рачно напишани писма на англиски јазик, упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетената Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Двете писма ги испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, при што првото го адресирал до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а второто до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На 17.01.2022 година осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетениот Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во писмо адресирано лично до оштетениот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и испратено преку редовна пошта во АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, осомничениот упатил директни закани по живот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, за кого постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал