Предлог казни од 3.000 до 5.000 евра за пет физички и две правни лица во Струга​

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против три лица кои не го почитувале полицискиот час и две правни и две физички лица кои послужувале гости во затворен дел на своите угостителски објекти.

За обвинетите се предложени парични казни од 3.000 до 5.000 евра.

– Тројца од обвинетите не се придржувале на забраната за движење на населението на територијата на државата, донесена со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Тие, иако во сила бил полициски час, се движеле низ Струга и околината без да поседуваат соодветна дозвола, стои во соопштението од ОЈО.

За обвинетите, јавен обвинител на Основниот суд Струга му предложи да им изрече парична казна и истата да ја определи во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со вредност од 30 евра во денарска противвредност.

– Поведена е постапка и против едно физичко лице – управител, кое во својот угостителски објект во село Лабуништа послужувало гости во внатрешниот дел на објектот, иако согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, угостителите можат да почнат да работат од 28 мај 2020 година, но послужувањето на гостите може да се врши само на отворените делови на објектите (тераси) кои се со кровна конструкција, но отворени од три страни. Со поднесениот предлог за издавање казнен налог, обвинителството од Судот за сторителите побара да им биде изречена парична казна, и тоа за управителот во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 30 евра во денарска противвредност, а за правното лице казна од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во висина од 50 евра во денарска противвредност, стои во соопштението на ОЈО.

Ист предлог за парична казна со предлог за издавање казнен налог, поднесе Основното јавно обвинителство Струга за уште едно физичко лице кое во угостителски објект во Струга послужувало гости во затворен дел на неговиот угостителски објект.

Сите се гонат за сторено кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра