„Шарената револуција“ и граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“ вечерва во 19 часот ќе протестираат пред Специјалното јавно обвинителство за, како што најавија, спас на Градскиот трговски центар од барокизација.
„Скопје 2014“ може да се спречи само ако Vладата падне. Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие и ги одземаа надлежностите на о. Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство“, велат од „Го сакам ГТЦ“.
Поддшка да не се менува изгледот на ГТЦ и наведените институции даде и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Тој вели дека на Референдумот минатата година граѓаните јасно кажале дека се против менување на автентичниот изглед на гТЦ и негово облекување во барок, бидејќи 17.000 гласови за спас на ГТЦ се повеќе отколку што кој и да е политичар освоил во Центар. Нивниот став треба да се почитува, вели Жерновски.
Граѓаните повеќе пати протестираа против барокниот изглед на ГТЦ и организираа гушкање на центарот
Од „Шарената револуција“бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија.