Пратеникот Љупчо Димовски преку адвокатот ќе бара да му биде укинат куќниот притвор

Од:

Пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, кому судот му го продолжи куќниот притвор, преку неговиот адвокат денеска на јавна седница на Апелациониот суд ќе побара да му биде укината оваа мерка. Тој е еден од тројцата пратеници кои добија куќен притвор за настаните од крвавиот четврток.

Минатата недела кривичниот суд одлучи на пратеничката Жаклина Пешевски да ѝго укине куќниот притвор и наместо тоа, ѝ го одзеде пасошот и ѝ наложи редовно да се јавува кај шалтерски службеник во судот. На оперскиот певец Игор Дурловски, еден од иницијаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ и на вработената во Собранието, Елена Доцевска – Божиновска мерката притвор им беше заменета со куќен притвор.

Барањата за поблагите мерки за обезбедување присуство беа по барање на Обвинителството. Пешевска, Дурловски и Доцевска – Божиновска се осомничени за упадот и насилствата во Собранието на 27 април, минатата година. Советот минатата недела постапуваше по барање на Обвинителството и на други 21 осомничени за настаните во Собранието, им го продолжи притворот за 30 дена. Продолжена им беше мерката и на тие што се во куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Љупчо Димовски кој е амнестиран за „27 април“, нов претседател на СПМ

Ландов

Тактика или пазар со одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски

Ана Ололовска

Прекината седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Димовски

Сандра Бошковска

ВИДЕО: Во Собранието почна процедурата за одземање на имунитетот на Димовски

Сандра Бошковска

Комисијата изгласа препорака за одземање на имунитетот на Димовски

Ана Ололовска

Ласковска до Богоевски: Не може само ВМРО-ДПМНЕ да се криминалци, ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ владееше

Ана Ололовска