Тактика или пазар со одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски

Од:

Две недели се тактизира со продолжување на седницата на која треба да се одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од Основен суд Скопје I , Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.

Спикерот Џафери ја започна седницата, му даде збор на претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски, која веќе одлучи дека на Димовски треба да му биде одземен имунитетот, и тука застана се.

Какви игри се во прашање, бидејќи веќе законските и деловнички рокови се одамна завршени.

Собранискиот Деловник во член 54 пропишал дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивање на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето. Дали сега судот ќе треба да испрати ново барање, па повторно да одлучува Комисијата никој не објаснува. Дали и ова е некој пакет за преговарања, договарања и пазарења во Законодавниот дом.

Димовски е под истрага за тоа дека заедно со уште три лица, односно поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев, во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

Триесетдневен притвор веќе добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев, додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор.

На Димовски веќе му беше одземен имунитетот за настаните од 27.април, па потоа беше амнестиран.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции