(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска учествуваше во засадувањето со садници како дел од вонредната програма на Јавното претпријатие „Национални шуми“ која има за цел да ги санира штетите од пожарите ова лето, како и дополнително да ги зазелени голините на планините утврдени како редовна активност за пошумување.

На настанот во атарот на село Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа програма.

„Со интензивното спроведување на програмата за пошумување ќе ги обновиме зелените површини, а со тоа ќе се допринесе и за подобрување на состојбата на земјиштето, за намалување или сопирање на ерозивните процеси. Владата ќе го следи активно овој процес и во секој момент, доколку се покаже за потребно, ќе учествува во дополнување на програмата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за посеопфатна и целосно успешна реализација на пошумувањето“, нагласи премиерот Заев.

Заев додаде дека ова е почеток на исполнување на нашата обврска и грижа за поддршка на процесите на пошумување на обесшумените површини и за зголемувањето на зелените површини кои се од огромно значење за зачувување на биодиверзитетот, за здравјето на населението, и за ублажување на ерозивните процеси и поплавите.

„Оваа програма е нашиот потребен придонес за заштитата и за иднината на нашата животна средина со сите потребни еколошки параметри. Есента е најдобар период за пошумување за засадување на дрвца и сакам да апелирам до секој граѓанин што може да си дозволи да засади дрво и да даде придонес во здрава животна средина“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев на настанот по повод стартот на сезоната на пошумување.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа истакна дека министерството го следи европскиот тренд кој е насочен кон еколошки мерки, користење на енергија од обновливи извори и рационално користење на природните ресурси како и нивно континуирано обновување.

„Грижата за шумскиот фонд, одгледувањето и рационалното користење, спречувањето на дивата и непланска сеча на шумите, обезбедува нивно трајно зачувување во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина. Со денешниот симболичен почеток на пошумувањето овде во село Теново, означуваме почеток на сезоната на пошумување. Во периодот кој следи, ќе се пошумуваат и други локации согласно планот кој Национални шуми го изготвија во соработката со Владата“, посочи во својата изјава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова во својата изјава истакна дека садниците за пошумување се од домашно производство и ги исполнуваат потребните стандарди за успешно пошумување со цел обновување на овој наш важен природен ресурс, на сите површини кои во минатото биле деградирани, опожарени или зафатени со процесите на ерозија.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции