Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Од:

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од Тетовско, со престој во Скопје, осомничени за кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост.

-По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25 ноември 2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање понуди за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин, информира МВР.

Членовите на комисијата кои не учествувале на јавното отворање на понудите, на 6 јануари 2022 дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик-министер во Министерството и јавниот повик со решение бил поништен.

-На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно