Прекината седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Димовски

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја започна и по обраќањето на претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања, Павле Богоевски, ја прекина седницата на која пратениците требаше да дискутираат и да гласаат за одземање на имунитетот на пратеникот на Социјалистичката партија и ексминистер за земјоделство, Љупчо Димовски.

Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано, но останува нејасно кога, бидејќи според собранискиот Деловник, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на притвор на пратеник, одлучува по барањето.

Џафери го исполни условот и ја започна седницата, но не посочи кога ќе финишира.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

 

 

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он