Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Од:

Македонско научно друштво-Битола, Владимир Рендевски-специјалист неврохируг, Панде Димитровски автор на проектот „Незаборав“, Лидија Твирст Митревска директорка на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и меѓународните ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се годинешни добитници на наградата „4-ти Ноември“, а на композиторот Петар Георгиев-Калица ќе му биде врачена наградата за животно дело.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека наградата на Петар Георгиев-Калица му се доделува затоа што со својата професинална ориентација го прослави својот роден град на сите континенти.

-Тој е автор на десетици музички дела кои ги надминале локалните, регионалните и националните рамки, а преку нив ја афирмира Битола, вредностите и животот во градот. Георгиев-Калица е вљубеник во Битола и доследен на желбата својот животен и професинален век да ги посвети на средината во која е роден, човек кој целиот свој животен и професинален век непрекинато живее и твори во Битола, се посочува во образложението на наградата за животно дело.

Според востановената традиција, највисоките општински признанија и награди ќе бидат доделени на Денот на ослободувањето на Битола и празник на градот, 4-ти Ноември.

Би можело да ве интересира

Награден фотографски натпревар кој ја опфаќа науката од Македонија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

Орце Костов

(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

Орце Костов

Доделени наградите „Бранко Ѓорчев“

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут