Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции

Од:

Преку прес-конференција во Општина Тетово, командирот на тетовската противпожарна единица со упати апел и молба до државните институции да помогнат да се изгасне пожарот над Селце кој трае веќе петти ден. Според командирот Авни Амети, во шумата над Селце не можат да одат противпожарни камиони, а неговата единица само со теренски возила џипови може да пристапи таму и затоа е потребна помош.

– Со сите сили се трудиме да го ставиме под контрола но теренот е тежок за пожарникарите да дојдат до огнот. Овој дел од планината е под надлежност на НП „Шар Планина“ и тие се првите кои треба да излезат на терен и да го локализираат пожарот. Вчера имав повик, беше побарано од нас да им помогнеме. Ние излеговме на терен и до 21 часот го гаснеме пожарот, а утрово од 7 часот, повторно сме горе и продолживме со гаснењето заедно со вработените од Националниот парк. За жал други институции не се вклучени и не знам зошто. Ги замолувам сите да се вклучат во гаснењето на пожарот за да се справиме со оваа катастрофа што не снајде. Штетата од пожарот е многу голема бидејќи гори високо квалитетна шума, изјави Авни Амети, командир на против пожарната единица од Тетово.

Командирот потенцира дека зачестените пожари се предизвикани од луѓето и тоа мора да престане.

– Причината се знае, тоа е човекот. Земјоделците ги палат стрништата и еден мал ветер, огнот се проширува. Причината и за овој голем пожар кај село Селце е човекот, нема друга причина за да се создаде толку голем пожар, посочува Амети

Од утринава четворица пожарникари се борат со огнот. Од Национален парк Шар Планина велат дека од кај нив се вкупно луѓе кои гасат, но проблем е што е долга линијата на огнот

– Се прошири линијата на огнот некаде два до три километри. Горат ливади, букова шума, биодиверзитетот се нарушува, затоа што страдаат инсекти и животни, апелирам да се вклучат и институции кои се обучени за гаснење на пожари па ако треба и полиција и армија. Површината е огромна над 100 хектари. Попладне ветерот се засилува и може да биде пожарот со поголем интензитет, изјави Ибрахим Дехари, директор на НП Шар Планина.

И денеска како и вчера вода врз огнот исфрла полициски хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Штип

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Орце Костов

Пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

А1он

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар