Пожарот на планината Огражден се гасне со помош на српски и турски хеликоптери

Од:

Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на тариторијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред седум денови, денеска се гасне со помош на хеликоптерите „Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош што ја доби нашата земја за гаснење на пожарите.

Веста ја потврдија и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и од ТППЕ Струмица.

-Денеска во раните утрински часови, тим од пет пожарникари-спасители учествува во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден за да им овозможат прецизна навигација на хеликоптерите, соопштија струмичките пожарникари.

Ангелов, пак, во последнато обраќање изјави дека двата хеликоптери се упатени кон пожарот на Огражден, кој гори на надморска височина од 1.000 метри.

Од ТППЕ Струмица нагласуваат дека се работи за крајно недостапен терен, со екстремно високи температури, кои под влијание на големиот пожар имаат развиено специфична микроклима со температури преку 50 степени Целзиусови и засилен ветер.

Инаку, вчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од од пожарот, а денеска се продолжува со гаснење на југозападниот крак, веднаш до граничната линија со Бугарија.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски