Пожарникарите бараат подобра заштита и сторги казни за нападите над нив, особено при гаснење пожари

Од:

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) денеска преку соопштение реагира против насилството и насилниците кои, како што наведуваат, често ги напаѓаат пожарникарите при вршењето на работните задачи во заштитата и спасувањето на граѓаните при противпожарните интервенции и други несреќи.

– Бараме надлежните органи строго да се заземат во одбрана на нашите колеги, при што виновниците за физичките напади да бидат најстрого санкционирани. Апелираме до граѓаните да учествуваат во одржувањето на редот и мирот при реализацијата на нашите интервенции, имајќи предвид дека нашата бројност во територијалните противпожарни единици во моментов е најниска, иако се соочуваме со најсложени и многубројни интервенции на дневна основа, се вели во соопштението.

Од НСПМ укажуваат и бараат од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, локалните самоуправи, како и другите надлежни органи од областа на нивното делување да помогнат во справувањето со предизвиците кои ги носи оваа професија.

-Да ни го олеснат во рамките на нивните надлежности спасувањето на човечки живот и имот, како и да не заштитат од негативните активности на поединци и групи, бидејќи и онака сме малку пожарникари во државата, со нападите кон нас и физичките повреди кои ни се нанесуваат, и така малиот број на активни пожарникари се намалува дополнително, стои во соопштението.

Од НСПМ изразуваат благодарност до сите доброчинители кои во изминатиот период на разни начини, секој во рамки на своите можности, се обидуваат да помогнат во подобрувањето на состојбите, а со тоа и во обезбедувањето на подобра противпожарна заштита на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Пожарникарите алармираат: Работиме со 50 отсто од законскиот минимум, се загрозува и нашата и безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарникари во Велес спасија мало куче фрлено во дупка со подземни канали

А1он

Прв македонски календар со пожарникари-спасители

Ана Ололовска

Симоновски: Македонскиот пожарникар професионално не се разликува од германскиот, му недостига опрема