Пожарникарите алармираат: Работиме со 50 отсто од законскиот минимум, се загрозува и нашата и безбедноста на граѓаните

Од:

-Во контекст на огласот за вработување на 600 нови полицајци објавен во медиумите, дозволете ни да ја искористиме оваа прилика да ги потсетиме надлежните за хроничниот недостаток на професионални пожарникари во Територијалните противпожарни единици низ Македонија реагираат од Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија.

– Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50% од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните пет години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, се вели во соопштението од Синдикатот.

Како Синдикат сакаме да потенцираме дека хроничниот недостаток на вработени сериозно влијае врз квалитетот на извршувањето на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните, но во исто време претставува и опасност по безбедноста и здравјето на нашите колеги пожарникари кои со своето несебично залагање се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал потенцираат синдикалците.

Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Настана колапс на кровната конструкција, рано е за утврдување на причините и штетата вели командирот на скопската пожарна

Пожарникарите бараат подобра заштита и сторги казни за нападите над нив, особено при гаснење пожари

Скопските пожарникари во август имале рекордни 22 интервенции во еден ден

Катерина Ѓуровски

Лажни пријави за пожари во Скопје

Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за проблемот со додатоците на плата

ВИДЕО: Пожарникари во Велес спасија мало куче фрлено во дупка со подземни канали

А1он