ВИДЕО: Пожарникари во Велес спасија мало куче фрлено во дупка со подземни канали

Од:

Велешкото здружение за заштита на животните „Гласот на животните“ на „Фејсбук“ објави видео и фотографии од мало, двомесечно куче како цвили и бара помош, откако било фрлено во дупка со подземни канали на десетина метри во Градскиот парк.

Активистите веднаш ги повикале противпожарните служби кои излегле во пресрет.

„Јавна благодарност за пожарникарите од Противпожарната единица – Велес за спасување на двомесечно куче кое беше фрлено во дупка со подземни канали од десетина метри во Градскиот парк“, напиша еден од активистите.

Кучето е на сигурно и згрижено, велат од здружението.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Двомесечна срна пронајдена во кичевско – ѝ настрадале трите нозе откако се фатила во стапица

A1on

Угина најстарото куче во светот – имаше 30 години и пет месеци

А1он

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција