Двомесечна срна пронајдена во кичевско – ѝ настрадале трите нозе откако се фатила во стапица

Од:

Трогателна сторија за мала срна во кичевско ја трогна целата јавност, откако здружението „Animal rescue project“ објави дека таа ќе мора да биде евтанизирана, откако ѝ настрадале трите нозе, бидејќи била фатена во стапица поставена за лов на диви свињи.

Денеска од здружението сепак решиле дека немаат сила да ја однесат на евтаназија и дека ќе ја остават самата да си замине. Се обиделе буквално сѐ, но спас за оваа срна нема, бидејќи повредите се преголеми.

„Почна да јаде дури по два дена. Раните ѝ се длабоки, отворени и полни со ларви. Направени се рендгенски снимки, но во живо состојбата изгледа уште пострашно.Првично мислевме дека ќе мора да се ампутира само едната нога. Но, вистината беше многу посурова. Три нозе се практично пресечени и мртви. Да беше само една, нашиот волонтер беше подготвен да ја чува до крајот на животот“, пишуваат од здружението.

Оттаму објаснуваат дека срните се преживари и дека нивниот дигестивен систем зависи од движењето. Ако не можат да се движат, организмот почнува да откажува. Целата тежина на возрасна срна, која може да достигне околу 80 килограми, би паднала на предните нозе – а токму тие во сучајов се најтешко оштетени.

„Во овие денови обезбедивме сè што можевме. Деноноќен надзор. Постојани преврски.Терапија. Љубов. Консултиравме ветеринари кои имаат искуство со диви животни. Сите, без исклучок, ни кажаа истото: ‘Не ја мачете’“, додаваат од здружението.

Сепак, од здружението решиле дека ќе ја задржат Бамби сè додека „таа самата не ни каже дека е време да ја пуштиме“.

Од Animal Rescue Project апелираат институциите да се разбудат и да се утврди кој поставува вакви стапици, за да има одговорност.

Би можело да ве интересира

Како била лекувана Срна на Детската клиника: Родителите обвинуваат, докторите велат дека е сторено се што е потребно

Александар Тодески

„Лајка“: Ги викаме активистите на средби, ама тие не доаѓаат

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Активисти од Скопје откупија пит-бул за борби: Кучето по една година си ги најде вистинските газди

Мери Јордановска

ВИДЕО: Пожарникари во Велес спасија мало куче фрлено во дупка со подземни канали

А1он

Анима мунди: Полициски час во Македонија – но не и за убијците на животни

А1он

ВИДЕО: Герила акција на активистите за заштита на животните на собир со Шилегов и Марин

Габриела Димковиќ-Мишевска