ВИДЕО: Герила акција на активистите за заштита на животните на собир со Шилегов и Марин

Од:

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на Скопје и Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин и поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Герила – акцијата следуваше откако вчера во населбата Аеродром непознато лице со секира уби две улични кучиња кои беа чувани од жителите повеќе од една деценија.

Фотографиите од мртвите кучиња облеани во крв сериозно ги вознемирија жителите на Аеродром кои ги најдоа рано утрината, а веднаш била повикана полиција да изврши увид.

Активистите на денешната средба носеа транспаренти со фотографии од мртвите кучиња на кои пишуваше „Мојот последен оброк“, „Можевме со секири, наместо со транспаренти“, „Не за убиства“.

Шилегов, Жерновски и Марин говореа пред граѓаните, незабележувајќи ги активистите кои сакаа да укажат дека кај институциите треба да се развие свеста за решавање на проблемот со уличните кучиња на хуман начин, а оние кои со примитивни методи им го одземаат животот, да бидат соодветно казнети.

Еден од активистите го праша градоначалникот Шилегов за крвавата случка во Аеродром.

„Дали ќе седите мирни додека психопат шета по скопските улици и убива животни и расфрла отрови во близина на училишта и детски градинки? Што ќе преземете како прв човек на градот, бидејќи не се чувствуваат безбедни, не само кучињата, туку и жителите на градот?“

На ова, Шилегов одговори дека за првпат е поведена постапка во МВР при одделението за крвни деликти за убивање на куче и дека тоа досега не била практика.

„Немаме надлежности како локална власт да превенираме или да спречиме доколку некој е луд и вршни крвни деликти и убиства“, рече Шилегов и додаде дека на е иста страна со активистите и ги повика на заедничка средба.

Засега, решавањето на проблемот со уличните животни тапка во место. Поминаа шест месеци откако стационарот „Вардариште“ беше затворен, а во меѓувреме беше отворено новото јавно претпријатие „Лајка“, кое треба да се занимава со овој проблем. Се уште се работи на реновирање на стационарот, па во меѓувреме уличните кучиња не се стерилизираат, вакцинираат и обележуваат со ушни маркици како досега, па на тој начин се зголемува и нивниот број. Шилегов денеска рече дека кон почетокот на октомври ќе биде пуштен во употреба новиот стационар.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот