Бранувања во СДСМ, Филипче контра Шилегов: Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженост

Од:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со јавна објава на социјалните мрежи ги коментираше последните напади од внатре во партијата, кои доаѓаат по критиките и барањето за негова оставка од поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Филипче оцени дека не станува збор за случајност, туку за обид на ДПМНЕ, преку „притисоци, задолженост и уцени“, да внесе немир во редовите на СДСМ.

„Пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженоста кон одредени лица за одвнатре, од самата партија, да внесат раздор“, напиша Филипче.

Тој додаде дека раководството нема да се пресметува со поранешниот сопартиец, туку дека ја разбира неговата состојба и дека „може само да му помогне“, оставајќи му да одлучи „која страна ќе ја избере“.

Во исто време, Филипче порача дека СДСМ останува „на патот на правдата“ и дека нема да дозволи да биде замолчен гласот на опозицијата.

Петре Шилегов преку Фејсбук експлицитно побара оставка од Филипче, обвинувајќи го за тешка политичка одговорност и оставајќи отворени прашања за, како што наведе, „договори и умисла“.

„Да! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ“, напиша Шилегов, додавајќи дека дополнителни прашања ќе постави по празниците.

Внатрепартиските тензии во СДСМ се засилуваат во период кога партијата е под силен притисок од владејачката коалиција и се подготвува за наредниот политички циклус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски