Пожарникар од охридската Територијална противпожарна единица со тупаници расчистувал недоразбирања со своите колеги кои биле на должност. Насилникот со себе носел и нож.
Од МВР соопштија дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (38) од село Велгошти-охридско поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “загрозување на сигурноста” и “насилство”. На 11-ти овој месец во Територијалната противпожарна едница Охрид пријавениот, кој бил на работно место пожарникар, упатил сериозни закани по животот на неговите колеги Д.Г. (49) и Н.Љ. (45), а на 13 февруари 2018 година Ј.К. кога не бил на должност дошол во просториите на Територијалната противпожарна едница и упатил закани по животот на П.С. (61), М.Г. (48) и Д.Г. (49) и физички го нападнал Д.Г. по што бил спречен од вработените.
Од страна на полициски службеници биле преземени мерки, а пријавениот бил лишен од слобода. При извршениот преглед кај него бил пронајден нож.