Пожар во стан во Кавадарци, повредени нема

Од:

Во стан во новиот центар на Кавадарци изминатава ноќ околу полноќ избувнал пожар, во кој нема повредни лица. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски утрово информираше дека интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари.

– Успеавме да не дозволиме пожарот да се прошири и на останатите станови од колективната станбена зграда, рече тој.

Апелираше да се внимава кога на еден штекер се приклучуваат повеќе електрични апарати.

Дополнително ќе се знаат причините за пожарот и висината на материјалната штета во станот.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски