Пожар од плинска боца во Крива Паланка

Од:

Пожар предизвикан од плинска боца во стан во Крива Паланка опожари поголем дел oд објектот, а 59-годишната жена (Н.Н) која живеела во станот се здобила со изгореници од втор степен.

Дојавата за пожар во Територијална противпожарна единица Крива Паланка била примена вчера околу 13 часот и 37 минути во 14.10 е целосно изгаснат.

– Интервенирале две екипи со четворица пожарникари. Пожарот настанал при палење на шпорет поврзан со плинска боца, а опожарени се, кујната, трпезаријата, дневната соба и тоалетот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Жената се обидела да го гасне пожарот при што се здобилa со изгореници и е префрлена со итна медицинска помош во здравствен дом, Kрива Паланка.

– Пациентката беше донесена на хируршко одделение поради опекотини на двете потколеници и двете подлактици. Опекотините се обработени по сите хиррушки принципи, направени се преврски и пациентката е хоспитализирана за понатамошно следење. Виталните параметри се во ред, информира доктор-хирург Грозде Спасовски, раководител на Итна медицинска помош, Крива Паланка.

Пациентката се уште се наоѓа во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка. Според надлежните од ТППЕ, пожарот настанал од невнимание, а како причина се наведува отворен пламен од шпоретот. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Би можело да ве интересира

Апасиев примил претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

Пожар во населбата Даљан во Охрид, има повредени

Горан Наумовски

Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби