Повторно спречена појава на град во повеќе региони низ државата

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје вчера од 16:13 часот до 18:43 часот изврши авионско засејување на градоносни и потенцијално градоносни облаци.

Како што соопшти Министертсвото за земјоделство, употребени се 29 палки, секоја со по 400 грама сребро јодит, и на тој начин уште еднаш успешно е спречена појава на град и не е причинета материјална штета на земјоделските посеви.

-Според радарските слики и информациите од нашите земјоделци од терен, засејувањето било успешно. Спречена е појава на град, а со тоа земјоделските посеви остануваат заштитени и без причинета штета. Првото дејствување врз градоносен облак било во периодот од 16:13 до 16:35 часот во јужниот дел на Пелагонија и Ресенско каде е дејствувано со 12 палки сребро јодит, а потоа во реонот на Кратово од 17:16 до 17:43 часот со 11 палки. Во 18:03 часот било дејствувано со авионско засејување на потенцијално градоносен облак североисточно од Свети Николе со три палки и во 18:39 часот во Кочанско, исто така со три палки, информира Министертсвото.

УХМР активно ги мониторира облачностa и движењето на градоносните облаци преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште.

-Во целиот процес за заштита од временски непогоди, клучни се радарските системи за добивање на навремени и точни податоци за временската прогноза. Во изминатиот период реновирани се повеќе метеоролошки станици и обновен е и надграден радарскиот систем Ѓуриште, што значително придонесе за точна и прецизна временска прогноза, а современиот начин на дејствување со авионско засејување досега во веколку наврати покажа дека оваа метода е ефикасна заштита. Земјоделските посеви се заштитени, а со тоа е заштитен и трудот на земјоделците, наведува МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје