Повремено облачно со магла во котлините, температури до 18 степени

Од:

Денеска во Македонија ќе биде повремено облачно, со појава на магла во котлините и слаб до умерен јужен ветер, најизразен долж Повардарието.

Се очекува температурите утрово да се движат од 4 до 9 степени, додека во текот на денот тие ќе се искачат од 12 до 18.

Во Скопје, ќе биде слично. Утрово се очекува да има појава на магла, која што попладне ќе се расчисти и ќе има повеќе сончеви периоди.

Во главниот град утринската температура ќе се спушти до 7 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 15.

Од утре не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Тие се очекува да бидат пообилни во среда и четврток, што ќе донесе и намалување на температурите, а на планините врнежите се очекува да преминат во снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски