Повредениот работник од „Сивец“ е надвор од животна опасност

Од:

Работникот Сашо Д. кој вчера беше повреден во рудникот за мермер „Сивец“ кај Прилеп во моментов е надвор од животна опасност и е на лекување во Скопје, информира обвинителот Дамчо Кочоски при прилепското Основно обвинителство кој направи увид за случајот во рудникот.

– Сашо Д. 54 години вработен во Мармерскиот комбинат се повредил вчера околу 14.30 часот при сечење мермерски блок во рудникот „Сивец“. Едно парче паднало и го повредило во раката и главата. Работникот од прилепската биолница бил префрлен на лекување во Скопје. Според последните информации тој е надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, изјави Кочоски.

Увид на местото на несреќата направиле полицијата, јавното обвинителство, трудов инспектор и од Државниот инспекторат  за рударство за да се испита во какви околности настанала несреќата.

Кочоски е категоричен дека работникот бил заштитен.

– Ако немал заштитна опрема од повредите ќе останел мртов на местото на несреќата, вели Кочоски.

Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола потврдува дека надлежните во рудникот случајот веднаш не го пријавиле во полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов