Полицаецот и еден од навивачката група „Комити“ ја напуштија Градската болница во Скопје откако им била укажана лекарска помош.
Полицаецот и уште четворица навивачи на „ФК Вардар“ беа повредени синоќа откако група на дваесетина лица во скопската населба Скопје-Север го каменуваше возот во кој беа „Комитите“, а се враќаа од фудбалскиот натпревар во Кичево со Напредок.
Полицијата трага по сторителите кои освен што повредија петмина, искршија и единаесет прозорци од возот кој сообраќа на релацијата Кичево-Скопје.