Повреден возач на мобилна машина за сечење дрва

Од:

Седумдесет и петгодишен охриѓанец се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во која се преврте мобилна машина за сечење дрва марка „Аран“ на локалниот пат во населба Рача-Охрид.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење дрва марка „Аран“, управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.

Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р.(49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов