Вработен во фабриката „Вардар Доломит“ од Гостивар се здобил со изгореници од втор и трет степен кога сакал да изврши промена на филтерот на една од пумпите за гориво.
При отворањето на капакот дошло до прскање на мазутот кој бил со висока температура и повредениот 58-гидишен Н.С. бил испрскан на вратот и лицето.
Повредениот првично е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа е препратен во Клиничкиот центар во Скопје.
Случајот во полиција бил пријавен вчера во 01:20 часот.