Шеесет и шестгодишен багерист во рудникот „Осломеј“ се повредил додека извршувал работни задачи.
Повредениот Д.С. е пренесен во Општата болница во Кичево од каде по санирањето на повредите е пуштен на домашно лекување.
Незгодата е пријавена во ОВР Кичево рано утринава во 03:55 часот. Причините за незгодата допрва ќе се утврдуваат.