Повик за протест: Стоп за насилството врз бездомните животни

Од:

По серија масовни труења на животни, на територијата на град Скопје, но со последните информации и на територијата на цела Македонија, револтирани граѓани, по нападот од страна на ротфајлерот, кој искаса неколку дечиња решија да ги отрујат сите улични кучиња, со еден од најопасните отрови Lanate кој се користи за прскање на овошките и зеленчукот кои самите тие пред се ги консумираат, и ги даваат и на своите внуци да ги користат во исхраната. Сепак овој отров спаѓа во 1-ва категорија на отрови и е најопасен за сите по живот.

Со самото вдишување кога испарува може да настане компликација на самиот организам кај човекот, а посебно кај кучињата и мачките. Дали се свесни дека додека умираат животните од овој отров им се топат органите внатре, во која болка умираат, плачат…дали знаете дека плачат додека умираат, и тие имаат душа. Што треба да се деси повеќе од ова, да се дозволи некое дете да настрада од отровот кој го фрлаат на места каде највеќе се движат нивните внуци..затоа ве замолувам да престанете да расфрлате отрови и да убивате невини животни, затоа што убивате се околу вас, и самите вие се убивате, а не сте свесни за тоа.

Зашто повикување на свесност? Бидејки со покренување на свесноста на луќето може да се намали предизвиканата штета, а тоа е да се прекине со расфрлање на отрови и да се ослободи кучето од Вардариште.

Се надевам дека ќе се видиме сите во недела во 13 часот пред собрание, каде ќе го кренеме нашиот глас за правата на животните „ДЕНЕС КУЧЕ УТРЕ ДЕТЕ“- РАЗМИСЛЕТЕ!

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он