Повик да му се покаже вратата на Миленко Неделковски

Од:

Новинарите и уредниците на порталот Либертас, згрозени од однесувањето на Миленко Неделковски, на неговиот Фејсбук профил, за монструозниот и нечовечки коментар околу семејната трагедија на раководителот на проeктот , Ацо Кабранов, повикуваат конечно да му се покаже вратата на Миленко Неделковски.

„Згрозени сме од нечовечниот, нехристијански, неморален, недоличен коментар од Неделковски на неговата Фејсбук страница и коментарите од неговите „пријатели“. Немаме зборови како поинаку, освен со грозно и одвратно да го коменираме статусот на човекот, кој се декларира како близок пријател на премиерот Никола Груевски. Редакцијата и целата јавност е згрозена од досега најдолната лага, на човекот, кој Македонија со години ја влече во калта на демократијата и европското културно и морално однесување“, пишуваат од Либертас.

„Премиерот Груевски и целиот државен врв треба да се згрозат од однесувањето на човекот, кој го носат на своите патувања и за кои тврдат дека се блиски. Груевски треба да се згрози и јавно да го осуди однесувањето на Неделковски, затоа што и тој има деца, и веруваме дека родителските чувства му се пред се останато, па и пријателството со него. Колегите новинари, од сите редакции, да го осудиме ова однесување, за да ја заштитиме професијата, која за жал падна на најниските граници од осамостојувањето на Македонија досега“, повикуваат новинарите од порталот.

Тие во повикот се обратија до сопственикот на Канал 5 телевизија.

„Емил Стојменов, сопственик на Канал 5 телевизија, каде што се емитува емисијата на Неделковски, да ја забрани под итно оваа емисија. Прво, затоа што срамно за еден медиум е да се појавуваат на него вакви личности и второ, затоа што Кабранов даде огромен придонес оваа телевизија да стане една од најгледаните во Македонија“, велат од Либертас. Бараат и продукцијата, во чија сопственост е емисијата на Неделковски, веднаш да ја прекине продукцијата со него, затоа што таа иста продукција, продуцира и емисии и програми кои се против секаков говор на омраза. Од порталот бараат и ЗНМ да превземе мерки за санкционирање на Неделковски и се што е во нивна надлежноста вакви личности повеќе да не се појавуваат низ медиумите, но и јавното обвинителство, во рамките на своите надлежности, да превземат мерки за ширење на говор на омраза, ширење невистини и предизвикување меѓучовечка нетрпеливост. Меѓу мерките што се спомнуваат е и СРД да преиспита однесувањето на канал 5 телевизија поради непрофесионални ликови што се појавуваат како водители на телевизијата, а гостите да го откажат учеството во неговата емисија.

На овој статус на Миленко Неделковски денеска имаше остри реакции од јавноста.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност