Поведена истрага против скопјанец кај кого беше пронајден хероин, кокаин и марихуана

Од:

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа