Потврдена слободата на велешанката Пале, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел

Од:

Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со ова, Илиовска, е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.

Ослободувањето на Илиовска од вина, судијката Гајдова го оправда со тоа што таа се бранела од сега починатиот партнер. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел.

„Согласно кривичниот законик, нужна е одбраната која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката во февруари минатата година кога ја изрече пресудата.

Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката, Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож, додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, петмина приведени

Катерина Ѓуровски

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Четири лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Девојче сакаше да се самоубие поради насилниот татко, а скопјанка скокна од возило за да се спаси од насилниот сопруг

За 24 часа: Полицијата интервенираше по пет пријави за семејно насилство, приведени двајца

Горан Наумовски

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски