Потпишан извештајот, за ВМРО-ДПМНЕ немал значење

Од:

Во Клубот на пратениците точно на пладне и зад затворени врати свои потписи на извештајот за 24 декември ставија претседателот на Комисијата Борче Давитковски и нејзините членови од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ и од СДСМ Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска Треневска.

Претседателот на комисијата, Борче Давитковски по потпишувањето кажа дека Собранието ќе треба да ги имплементира 11-те препораки од документот што го потпишаа претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

-Собранието ќе треба со консензус да одлучи по тие препораки и да ги имплементира. Политичките лидери ги надминаа теснопартиските интереси и за граѓаните и за евроатлантската перспектива на земјата, направија нужен компромис. Што се однесува до правните квалификации кои ги содржи извештајот, јас како правен експерт апсолутно стојам позади нив. Со имплементацијата на препораките од извештајот, Македонија ќе тргне во друг правец, ќе добиеме позитивен извештај од Европската Комисија, а асо измената на деловникот ќе ја развиеме и демократијата посочи Давитковски.

Еден од потписниците на договорот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека за партијата договорот нема никакво значење и дека целосно ги отфрлаат правните квалификации кои стојат во него.

-За нас овој извештај е хартија – палома со која СДСМ може да продолжи со орото пред нивниот штаб. Да се работи со СДСМ е како да се работи со мало дете во продавница за играчки кое не знае што сака. Очигледно беше и влијанието на старото раководство“, рече Илија Димовски, и го повтори стваот на Груевски дека СДСМ се плаши од предвремени избори.

Професорката Рената Десковска изјави дека е задоволна од усвоениот извештај кој реално отсликува како пратениците и новинарите на 24. декември спротивно на Уставот и законите, биле брутално избркани од Собранието.

-Се надеваме дека со усвојувањето на овој извештај, во Македонија ќе се вратат демократските вредности“, изјави Десковска.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изразија подготвеност да почнат со имплементација на препораките за работата на Собранието, неговото обезбедување и постпаката за носење буџет.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

A1on

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“