Постудено со засилен северен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од северен правец и со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и студено со повремен на моменти засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во опаѓање, а најниската се очекува да биде за време на новогодишната ноќ кога ќе се спушти во интервал од минус 10 до минус три степени.

Во сабота во западните делови ќе има услови за повремен локален снег, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски