Постојат ли услови за непосредна демократија?

Од:

Во организацијата на Фондација отворено општество – Македонија на 15 декември (понеделник), со почеток во 10 часот, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, ќе се одржи дебата на тема „Постојат ли услови за непосредна демократија?“ на која ќе бидат споделени македонските и хрватските искуства на непосредно изјаснување на граѓаните.

Искуството покажува дека малобројните обиди за непосредно учество на граѓаните при носење одлуки најчесто се неуспешни, а државата поставува препреки на патот кон организирање референдумски и други видови граѓански иницијативи. Таквата ситуација е поттик да се преиспита функционалноста на постојните правни и општествени рамки кои ја уредуваат непосредната демократија.

Зачестените иницијативи во Хрватска за директно учество на граѓаните во носењето значајни општествени одлуки е причината поради која на оваа дебата ќе ги размениме македонските и хрватските искуства. На дебатата ќе учествуваат Ивана Драгшиќ, Петрит Сарачини, Рената Треневска Десковска, Теодор Целакоски, Драгана Зелиќ, Нада Наумовска.

Би можело да ве интересира

Демократијата во светот е во опасност, САД и Унгарија имаа големи проблеми предупредува шведски институт

Катерина Ѓуровски

Македонија 78-ма на листата на „Економист“ за глобалниот индекс на демократија

Ана Ололовска

Пандемијата ѝ наштетила на демократијата во 60 отсто од земјите во светот

Жарко Настоски

Фридом хаус: Намалување на нивото на демократија во Бугарија

А1он

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

„Економист“: Македонија на 77 место од 167 држави, во категоријата „хибридни режими“

А1он