„Економист“: Македонија на 77 место од 167 држави, во категоријата „хибридни режими“

Од:

Демократијата во Македонија се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77 место (од 167 држави) со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е од нула до 10. Ова го покажува најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“

Земјава се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, која опфаќа 22,2 отсто од бројот на сите држави, со 16 отсто од вкупното население на сите опфатени 167 држави.

Рејтингот се заснова на комбинација од експертски оценки и резултати од анкети во овие земји. Се земаат пет клучни показатели што укажуваат на состојбата на демократијата во државите и тоа изборниот процес, транспарентноста на власта, учеството во политичкиот живот, политичката култура и нивото на граѓански слободи.

Извештајот на „Економист“, насловен како „Година на демократски назадувања и народни протести“, сумарно, ги дели земјите во четири категории според тип на режими – „целосни демократии“, „нецелосни демократии“, „хибридни режими“ и „авторитарни режими“.

Покрај Македонија, во категоријата „хибридни режими“ од регионот се Албанија, која е две позиции подолу од нашата земја (79 место), Црна Гора (84) и Босна и Херцеговина (102).

Во категоријата „нецелосни демократии“ се Хрватска со 6.57 поени е на 59 место (подобрување од едно место), а Србија со 6.41 е на 66 местo (назадувањe за пет места), додека Словенија останува на 36 позиција со 7.5 поени.

Грција е исто така во категоријата „нецелосни демократии“ и се наоѓа на 39 место без промени.

На самиот врв на Индексот на демократија на „Економист“, како и досега се нордиските земји. По редослед прва е Норвешка (9.87 поени), потоа Исланд (9.58), трета е Шведска (9.39) а четврт е Нов Зеланд (9.26). Финска годинава изби на петто место со 9.25 поени, подбрување за три позиции.

Во Индексот за демократија кој се спроведува од 2006 година, како и секогаш на последно место е Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

ИКС: Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи

Орце Костов

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Галуп Интернешенел: Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023 година

Орце Костов

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи