Поставен камен-темелник за нова детска градинка во Чешиново

Од:

Во населеното место Облешево во општината Чешиново-Облешево денеска беше поставен камен-темелник на нова детска градинка во која ќе бидат опфатени децата од предучилишна возраст од ова и соседните населени места.

– Министерството за труд и социјална политика е фокусирано на проекти кои се насочени за подобрување на животот на населението за што инвестираме во повеќе општини. Новиот Центар за ран детски развој кој деновиве го предадовме во Пробиштип е дел од проектите, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на поставување на камен-темелникот на градинката.

Додаде дека за прифаќање на децата од предучилишна возраст во општина Карбинци во тек е изградбата на градинка, а слична таква се гради и во Оризари, Кочанско. Во населбата Истибање, Виничко, рече министерот Спасов, деновиве ќе ја предадеме новоизградената детска градинка, а во овој дел на државата во Делчево во тек се активностите за изградба на нова детска градинка.

– Во општината Чешиново-Облешево неодамна го предадовме првиот Центар за стари лица, отворивме дисперзирано одделение за вработување, а наскоро ќе отвориме и одделение на Центарот за социјални работи од Кочани, истакна Спасов.

За градоначалникот на општината Чешиново-Облешево Костадин Личков изградбата на новата детска градинка е од особено значење затоа што на простор од 180 метри квадратни ќе бидат опфатени 50 деца. Градинката е целосно финансирана преку проектот на МТСП за изградба на детски градинки во руралните средини.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки