После 19 години, изграден нов Воспитно поправен дом во Тетово

Од:

Штитениците од Воспитно поправниот дом „Тетово“ добиваат нов дом – од малолетничкиот затвор „Охрид“, тие ќе може да почне да се преселуваат веќе од понеделник. Воспитно поправниот дом е со капацитет од 110 лица. Вкупната нето површина на објектите е на околу 3.500 м2.

-Првенствено, изградбата на новиот дом е значајна од аспект на тоа што ова е комплетно нова воспитно-поправна установа со чија изградба трајно е решен долгогодишниот – 19 годишен проблем за сместување на малолетниците на кои им е изречена воспитно-поправна мерка. Во новиот воспитно поправен дом се создадени сите услови за задоволување на меѓународните стандарди за функционирање, работење и спроведување на воспитно поправниот процес со целосно почитување на правата на децата, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Вкупната вредност на изградбата изнесува 253.582.000,00 денари, а изградени се три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2.

Покрај сместувачките објекти изграден е Административен блок со нето површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата. За работно ангажирање на штитениците изграден е објект со две работилници и гаражи.

Воспитно-поправниот дом е затворен комплекс со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичана ограда, шеталишта, со спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Покрај изградбата на Воспитно поправниот дом „Тетово“, Управата за извршување на санкциите во текот на овој месец успешно ја заврши и реконструкцијата на Затворот „Битола“, но и изградбата на нова судница во рамките на КПД „Идризово“.

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа